Боречки спортови Други спортови

Мекгрегор се врати со брутална порака до шампионот: Застани во ред, пропалице!

Светската боречка јавност со огромно нетрпение го очекува претстојниот спектакл и враќањето на Конор Мекгрегор во октагонот по петгодишна пауза. Ирската ѕвезда викендов се соочува со Макс Холовеј на настанот УФЦ 329, а неговите појавувања пред медиумите веќе предизвикаа вистинска еуфорија. Актуелниот шампион во лесна категорија, Џастин Гејџи, изјави дека со задоволство би го удрил Мекгрегор по лицето, со што јасно побара борба со него, но популарниот „озлогласен“ експресно му одговори во свој стил.

„Застани во ред, пропалице! Многумина ме бараат во моментов. Тој има појас во лесна категорија, секоја му чест, но да не заборавиме дека Холовеј го легна на подот. Неговото лице остана долу, а задникот во воздух. Затоа воопшто и не размислувам за него во овој момент. Дали би се вратил во лесна категорија? Не сум баш сигурен. Затоа намали со непочитувањето, пропалице“, порача Мекгрегор.

Кога овие двајца борци првпат се соочија во далечната 2013 година, Ирецот зад себе имаше само една борба во УФЦ. Тогаш славеше со едногласна судиска одлука и заработи 24.000 долари, додека борецот од Хаваи си замина со само 14.000 долари. Сега, во реваншот кој се чека цели 13 години, Конор има стотици милиони на својата сметка, но негова единствена цел е да докаже дека сè уште припаѓа на самиот врв на ММА спортот.

„Мојот настап ќе биде чиста доминација на силата. Веќе долго во главата ги планирам ударите и тактиката. Едвај чекам да влезам во кафезот и да му го прикажам тоа на светот. Нема ништо поубаво од тоа да им докажеш на луѓето дека грешат. Луѓето имаат свои мислења, а некои од нив се и оправдани. Имав долга пауза, специфичен начин на живот… Свесен сум за сè, но продолжувам да се борам и верувам во Бога. Сè што е во мрак, на крајот излегува на виделина“, додаде Ирецот.

За крај, Мекгрегор испрати карактеристична порака до сите оние кои сметаат дека неговото време во октагонот одавна е поминато.

„Ќе влеземе во октагонот во сабота навечер и повторно ќе ги замолчам сите. Бизнисот расте, а парите пристигнуваат. Влегувајте во оваа игра, Мек се врати“, заклучи Мекгрегор.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.