Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Мегваер отпадна од списокот за СП 2026!

Кога еден долгогодишен столб на одбраната и поранешен капитен ќе сфати дека за него нема место во авионот за Мундијалот, разочарувањето е јавно и болно. Иако англиската јавност навикна на изненадувања од селекторите, последниот кадровски рез на германскиот стратег предизвика вистински земјотрес на Островот.

Германскиот стручњак Томас Тухел утре и официјално ќе ги соопшти 26-те патници кои ќе ја претставуваат Англија на Светското првенство 2026, но медиумите веќе ги открија клучните детали. Најголемата вест е дека искусниот Хари Мегваер е дефинитивно прецртан и нема да биде дел од националниот тим. Зад себе 33-годишниот дефанзивец има богата репрезентативна кариера со 66 настапи и 7 погодоци, а зад него е и солидна сезона во Манчестер Јунајтед каде запиша 24 меча во сите натпреварувања.

По подолга пауза Тухел го врати во ротација за мартовските контроли против Уругвај и Јапонија, A самиот селектор тогаш призна дека стоперот му е дури петта опција во одбраната. Својот револт и шок од ваквата одлука Мегваер веднаш ja сподели на социјалните мрежи:

„Верував дека со моите игри оваа сезона заслужив важна улога во тимот за претстојното лето. Останав во тотален шок и разочаран сум од оваа одлука на селекторот. За мене секогаш беше најголема гордост да го носам овој дрес, а на момците им посакувам многу среќа на шампионатот.“

Додека Мегваер тагува, медиумите дознаваат дека сигурни патници се Пикфорд, Хендерсон, Трафорд, како и младите сили Гордон, Хол, Мејну и Роџерс. Сериозни шанси за повик имаат Колвил и искусниот Велбек, додека покрај Мегваер, „ББС“ потврди дека на Мундијалот сигурно нема да патуваат ниту повредените или отпишани Фил Фоден, Лук Шо и Фикајо Томори.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.