Шестото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе донесе згуснат распоред на терените во комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје. Меѓу дуелите кои ќе се одиграат на овој терен е и пресметката меѓу Скопје и Башкими, закажана за во сабота со почеток од 16:30 часот.
Екипата на Скопје ги игра сите свои домашни натпревари сезонава на комплексот на Куќата на фудбалот, бидејќи нејзиниот матичен стадион во Автокоманда сè уште не ги исполнува техничките услови за имплементација на ВАР-системот.
Покрај овој натпревар, комплексот на ФФМ викендов ќе биде домаќин на уште две прволигашки пресметки. Денеска од 19:00 часот Шкендија му гостува на тимот на Тиквеш во улога на номинален домаќин, додека во понеделник во истиот термин (19:00 часот) на истиот терен ќе ги одмерат силите екипите на Вардар и Арсими.

