Победата на Реал Мадрид над Елче остана во сенка на потегот на Килијан Мбапе, Винисиус и Конате, кои пред почетокот на мечот одбија целосно да ги облечат подготвените маички за поддршка на жителите на Сеута. По жестоките критики во шпанската фудбалска јавност, францускиот напаѓач одлучи отворено да ги разјасни своите мотиви.
„Сакам ова јасно да го објаснам за луѓето да го разберат мојот потег. Мојата поддршка и солидарност со жителите на Сеута и сите жртви се апсолутни, пред сè сум човек, па тек потоа фудбалер. Но, истовремено сакав да ги потсетам сите и на мигрантите кои ги загубија своите животи или сè уште живеат во исклучително тешки услови. Ситуацијата беше деликатна бидејќи некој може да помисли дека сум против луѓето од Сеута, што е апсолутна невистина, ги поддржувам 100 проценти. Сепак, сакав да мислам на сите луѓе кои страдаат во светот, без да правам споредби чија болка е поголема, туку исклучиво да испратам порака за мир.“
Со овој искрен истап, Мбапе се обиде да ги разјасни своите хуманитарни ставови и да ги прекина шпекулациите за непочитување на протоколите.

