Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Мбапе падна во сенка, Олисе ќе биде првата виолина на Франција!

Пред самиот старт на Светското првенство и дуелот на Франција против Сенегал (16 јуни, Њу Џерси), во центарот на вниманието не е Килијан Мбапе, туку фантастичниот Мајкл Олисе. Крилото на Баерн Минхен се наоѓа во застрашувачка форма, што го потврди и со спектакуларниот хет-трик на подготвителниот меч против Северна Ирска.

Со вкупно 22 гола сезонава за германскиот гигант, Олисе стана клучен играч во офанзивата на Дидие Дешамп.

„Мајкл зрачи со самодоверба. Покрај напаѓачкиот раскош, тој завршува и неверојатна тимска работа во дефанзива“, изјави селекторот Дешамп, кој опишувајќи го карактерот на 24-годишниот фудбалер додаде дека се работи за тивок интроверт со огромна харизма.

Олисе, кој потекнува од младинските школи на Челзи и Манчестер Сити, направи бум во Кристал Палас, пред Баерн Минхен да го ангажира за 60 милиони евра.

Неговите блескави партии целосно ја фрлија во сенка бледата форма на Мбапе, кој не се запиша во стрелците ниту при поразот од Брегот на Слоновата Коска (1:2). Иако на Килијан му недостигаат уште само два гола за да го урне вечниот рекорд на Оливие Жиру, во моментов цела Франција верува во магијата на Олисе.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.