Меѓународен фудбал Фудбал

Мбапе најави трофеи со Мурињо на клупата на Реал Мадрид

Килијан Мбапе со голем оптимизам го очекува почетокот на новата сезона во Реал Мадрид, особено по враќањето на Жозе Мурињо на тренерската позиција. Француската ѕвезда верува дека искуството и победничкиот менталитет на португалскиот стратег може да му помогнат на „кралскиот клуб“ повторно да се врати на патеката на трофеите.

Мбапе оваа недела се врати на тренинзите во Валдебебас и веќе се подготвува за новата сезона. За Мурињо ова ќе биде втор мандат во Мадрид, а од него се очекува да го подигне тимот по периодот без голем трофеј. Французинот смета дека играчите имаат целосна доверба во новиот тренер и дека тимот е мотивиран да се бори за највисоките цели.

„Многу е позитивно да имаш тренер како Мурињо, кој знае како се победува. Играчите сакаат тренер кој знае каде оди и тоа е позитивно за нас. Верувам дека оваа година ќе освоиме трофеи. Сигурен сум во тоа“, изјави Мбапе.

Реал Мадрид сезоната во Ла Лига ќе ја започне со гостување кај Еспањол на 22 август. Пред првиот официјален натпревар, мадриѓани ќе одиграат и пријателски меч против Шалке 04.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.