Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Мбапе: Му должевме на народот поубав крај, но дадовме сѐ од себе

Капитенот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, упати отворено писмо до јавноста и навивачите по завршувањето на Мундијалот 2026 година, изразувајќи голема благодарност за поддршката во текот на целиот турнир.

Франција го заврши својот настап во полуфиналето со поразот од Шпанија, која подоцна се искачи на светскиот трон. Мбапе призна дека елиминацијата пред самата завршница сè уште боли, но потенцираше дека националниот тим може да биде горд на прикажаната борбеност.

„Можеби ви должевме поубав крај. Но, не го избираме секогаш крајот на приказната, туку го избираме она што го вложуваме во неа — а ние дадовме сѐ од себе. На тоа имаме право да бидеме горди“, напиша Мбапе во пораката до навивачите.

Иако го освои признанието за најдобар стрелец на Светското првенство со дури 10 постигнати голови, францускиот напаѓач истакна дека оваа награда ќе имаше многу поголема вредност доколку беше крунисана со шампионската титула. Тој посебно им се заблагодари на верните фан-групи кои ја следеа Франција низ целиот турнир.

„Никогаш не нѐ напуштивте, дури ни во најтешките моменти, ниту тогаш кога можеби тоа го заслужувавме помалку“, порача францускиот капитен.

Мбапе упати зборови на благодарност и до стручниот штаб предводен од Дидие Дешам, кој по 14 години заминува од селекторската функција на „Триколорите“. На крајот, тој истакна дека овој поразот не го означува крајот на оваа генерација.

„Ова Светско првенство завршува, но нашата приказна продолжува. Ќе има уште натпревари и уште вечери каде што повторно ќе се обединиме околу истата игра и истата желба. Не сме завршиле со заедничкото играње. Ви благодарам за сѐ“, заклучи Мбапе.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.