Реал Мадрид стигна до драматична победа од 3-2 на гостувањето кај АЕК Атина во натпревар од Лигата на шампионите. Грчкиот тим двапати имаше предност, но „кралевите“ во самиот финиш успеаја да направат пресврт и да ги освојат трите бода. АЕК поведе во 12. минута преку Абубакари Којта, но Џуд Белингам подоцна го израмни резултатот, откако претходно неговиот гол беше поништен поради офсајд. Во второто полувреме Ставрос Пилиос повторно им донесе водство на домаќините во 75. минута.
Сепак, Реал експресно одговори, а Килијан Мбапе само три минути подоцна погоди за 2-2. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Федерико Валверде во длабокото судиско продолжение ја затресе мрежата и му донесе огромна победа на мадридскиот гигант.

