Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Мате и Славиќ меѓу наградените, Охрид ја потврди доминацијата на турнирот

ГРК Охрид уште еднаш покажа дека претсезоната ја дочекува во одлично расположение. Домашниот тим ја одбрани титулата на петтото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето го совлада Вардар 1961 со 29-27. Покрај трофејот, охриѓани ги собраа и најзначајните индивидуални признанија. Доминик Мате беше прогласен за МВП на финалниот натпревар, а одличниот настап на турнирот му донесе и признание за најкорисен играч на целото издание.

Дино Славиќ, исто така од редовите на Охрид, беше избран за најдобар голман, со што домаќинот продолжи да доминира и во индивидуалниот избор. За најдобар дефанзивец беше прогласен Марко Мамиќ од Загреб, додека признанието за најдобар стрелец му припадна на Абделрахман Ашраф од Египет.

Во идеалниот тим на турнирот се најдоа дури четворица ракометари на Охрид. Покрај Славиќ и Мате, во најдобрите седум влегоа и Адама Кеита, Анте Иванковиќ и Тилен Стрмљан. Тимот го комплетираа Филип Главаш од Загреб и Давид Свечко од Тримо Требње.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.