Други спортови Одбојка

Машката одбојкарска репрезентација од 6-ти мај во Крушево на подготовки

Македонската одбојкарска репрезентација, по барање на селекторот Јошко Миленкоски, подготовките за Европската лига 2026 ќе ги започне порано од предвиденото, на 6-ти мај во Крушево.

Одбојкарската федерација на Македонија го прифати ова барање на селекторот, свесна за важноста на Европската лига 2026 за нашата репрезентација, како прв дел од квалификацискиот циклус за континенталниот собир во 2028 година, но и како прв дел од подготовките за Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Софија во септември.

Првиот дел од подготовките ќе се одвива во Крушево, а од 13-ти мај избраниците на селекторот Миленкоски, подготовките ќе ги продолжат во Скопје. За крајот на мај се закажани две пријателски средби со Црна Гора, во Подгорица, од 27-ми до 29-ти мај.

Првиот турнир од Европската лига 2026 ќе го одиграме на домашно тло, во салата „Парк“ во Струмица, а противници ќе ни бидат Холандија на 5-ти јуни и Луксембург два дена подоцна, на 7-ми јуни.

Вториот турнир ќе го одриграме во Атина, во соседна Грција, каде на 13-ти јуни ќе играме против Исланд, а следниот ден и со домаќинот Грција. Третиот турнир ќе се игра на Косово, каде во првиот меч ќе бидеме гости на домашната репрезентација на 19-ти јуни, а на 20-ти јуни ќе играме со Израел.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести