Реал Мадрид и официјално го потврди изборот на нов тренер, отворајќи ново поглавје во историјата на кошаркарскиот клуб. По промените на клупата, „кралевите“ се одлучија за искусен стратег кој зад себе има богата кариера и бројни успеси. Нов предводник на мадридскиот гигант е Педро Мартинез, кој потпиша тригодишен договор и ќе го води тимот во наредните сезони. Шеесет и петгодишниот шпански тренер пристигнува од Валенсија, каде што неодамна ја активираше клаузулата за предвремен раскин на договорот.
Мартинез зад себе има успешна сезона во која ја предводеше Валенсија до шампионската титула во Шпанија, а токму тие резултати беа една од главните причини Реал да му ја довери најодговорната функција. На клупата на „кралскиот клуб“ тој ќе го наследи Серџо Скариоло, кој го напушти тимот по сезона што не ги оправда очекувањата, особено во европските натпреварувања. Од Мартинез се очекува да внесе нова енергија и повторно да го врати Реал во борбата за трофеите на домашната и меѓународната сцена.
💬 Pedro Martínez: “Es un honor y un orgullo formar parte de esta entidad, conozco el legado y voy a dar mi máximo para estar a la altura”. pic.twitter.com/Gg4wYmeAQU
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) July 6, 2026

