Аргентинскиот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, упати јавно извинување откако жестоко го критикуваше раководството на клубот по поразот од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
По натпреварот, 28-годишниот репрезентативец јавно изјави дека менаџерот Мајкл Карик располага со некомплетен и недоволно квалитетен состав, побара сериозни инвестиции во тимот и истакна дека очекува „повеќе од техничкиот директор Џејсон Вилкокс“.
Пред да ја објави реакцијата на социјалната мрежа Инстаграм, Мартинес одржал директен состанок со клупските челници и со тренерот Карик. Според информациите на „BBC Sport“, клубот веднаш му изрекол парична казна за јавниот истап.
„Сите знаат дека сум страсна личност и дека го преживувам фудбалот со голем интензитет. Разочарувањето од поразот ме натера да ги изразам чувствата во момент и на место кои веројатно не беа вистинските, и за тоа сакам да се извинам“, напиша Мартинес.
Аргентинецот дополнително појасни дека реагирал под импулс на бес и фрустрација, потврдувајќи ја својата целосна поддршка за соиграчите, Мајкл Карик и целиот стручен штаб:
„Нашиот клуб е најсилен кога сме обединети и свесен сум дека моите зборови во тој момент не помогнаа во тоа. Знаеме дека секој човек во Манчестер Јунајтед го прави својот максимум за остварување на заедничката цел, носење на успесите што овој клуб и навивачите ги заслужуваат“, заклучи дефанзивецот.

