Меѓународен фудбал Фудбал

Мартинез и Јувентус се договирија, но Астон Вила ја кочи преселбата

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез е подготвен за нов голем предизвик во кариерата откако ги прифати личните услови за премин во Јувентус. Водечките италијански медиуми пренесуваат дека 34-годишниот чувар на мрежата веќе дал зелено светло за преселба во Торино, согласувајќи се на тригодишен договор вреден пет милиони евра по сезона, што е дури и помала плата од онаа што моментално ја заработува во Англија. Сепак, реализацијата на овој трансфер во моментов е закочена поради огромната разлика во економските барања меѓу двата клуба.

Јувентус се обидува да го доведе Мартинез целосно бесплатно или за симболично обесштетување, потпирајќи се на неговите години и изразената желба за трансфер. Од друга страна, Астон Вила ги држи сите карти во свои раце бидејќи Аргентинецот има важечки договор дури до 2029 година, па премиерлигашот бара фиксно обесштетување меѓу 10 и 15 милиони евра и нема намера да го подари еден од најдобрите светски голмани. Искусниот Мартинез е голема желба на тренерот Лучијано Спалети, кој бара харизматичен лидер на голот, па „старата дама“ во следните денови ќе се обиде да го искористи притисокот од самиот играч врз управата на Вила за да ја спушти неговата цена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.