Eнтони Марсиал би можел повторно да заигра во Премиер лигата, откако неговите посредници го понудиле искусниот напаѓач на повеќе англиски клубови. Според информациите на „Team Talk“, контакт бил остварен со Евертон, Лидс, Кристал Палас, Брајтон, Њукасл, Сандерленд и Тотенхем. Тоа, сепак, не значи дека сите овие клубови имаат конкретен интерес за негов ангажман, туку дека се запознаени со ситуацијата и со желбата на 30-годишниот Французин да се врати во Англија.
Марсиал е без клуб од јуни, кога спогодбено го раскина договорот со мексиканскиот Монтереј. Тој во клубот од Лига МХ пристигна минатото лето од АЕК Атина, но неговата авантура во Мексико траеше само една сезона. Најголемиот дел од кариерата Марсиал го помина во Манчестер Јунајтед. За „црвените ѓаволи“ настапуваше девет години, по што следеше заминување во странство и период во кој играше за Севилја, АЕК и Монтереј.
Сега напаѓачот сака нов предизвик, а враќањето во Премиер лигата е една од опциите. Бидејќи моментално е слободен агент, Марсиал може да потпише за нов клуб и по истекот на трансфер-прозорецот, што дополнително му го олеснува изборот на следната дестинација. Останува да се види дали некој од заинтересираните премиерлигаши ќе направи конкретен чекор за неговиот ангажман. Марсиал има богато искуство од најсилното англиско првенство, а евентуалното враќање би било интересно продолжение на неговата кариера.

