Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Марсело Биелса поднесе оставка па си ја отвори душата

Фудбалската репрезентација на Уругвај доживеа неочекуван крах на Светското првенство со елиминацијата уште во групната фаза. Прв цехот го плати селекторот Марсело Биелса, кој веднаш поднесе оставка по неуспехот на турнирот. Искусниот аргентински стручњак ја презеде целата одговорност за лошите резултати.

Познатиот предводник со прекар „Ел Локо“ отворено проговори за внатрешните проблеми во националниот тим. Тој призна дека правел сериозни компромиси со фудбалерите за да го зачува мирот во соблекувалната. Биелса ги менувал тренинзите и ги крател тактичките состаноци по барање на играчите.

Сепак, тој ги демантираше гласините за наводен конфликт со првата ѕвезда Федерико Валверде. Селекторот нагласи дека имал максимална доверба во играчот на Реал Мадрид. На теренот, ваквите внатрешни отстапки не донесоа посакуван плод.

Уругвај важеше за фаворит во групата, но освои само два бода против Саудиска Арабија и Зеленортските Острови. Минималниот пораз од Шпанија на крајот ја запечати нивната мундијалска судбина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.