Меѓународен фудбал Фудбал

Марота: Современиот стадион е неопходен за Интер и Милан да бидат конкурентни во Европа

Претседателот на Интер, Џузепе Марота, смета дека изградбата на новиот стадион во Милано ќе биде од огромно значење за финансиската стабилност и конкурентноста на Интер и Милан. Двата клуба во четвртокот го претставија заедничкиот проект за новиот стадион, кој ќе има капацитет од 71.500 места и во следните 20 години ќе го носи името „Џенерали стадиум“.

Марота истакна дека актуелниот „Сан Сиро“, и покрај својата богата историја, повеќе не ги исполнува потребите на современиот фудбал и навивачите. Според него, новиот објект ќе им овозможи на миланските гиганти да остварат значително поголеми приходи и да ја намалат финансиската разлика во однос на најголемите европски клубови. Како пример го посочи Реал Мадрид, кој од „Сантијаго Бернабеу“ заработува околу 250 милиони евра годишно, додека Интер и Милан во моментов остваруваат нешто помалку од 100 милиони евра од „Сан Сиро“.

Изградбата треба да започне во 2028 година, а стадионот се очекува да биде готов за сезоната 2031/32, навреме за Европското првенство во 2032 година, кое заеднички ќе го организираат Италија и Турција. Дотогаш, двата клуба ќе продолжат да играат на актуелниот стадион „Џузепе Меаца“.

Марота нагласи дека новиот стадион нема да биде наменет исклучиво за фудбалски натпревари, туку ќе функционира како модерен комплекс со активности во текот на целата недела. Тој посебно ја истакна улогата на сопственикот на Интер, „Оактри“, во надминувањето на административните пречки за реализација на проектот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.