Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Мароко посакува прва победа на Мундијалот против Шкотска

Мароко и Шкотска ќе се соочат во еден од поинтересните натпревари од второто коло во групата Ц на Светското првенство. Двете селекции влегуваат во дуелот со позитивен резултат од првото коло, но со различни амбиции.

Африканскиот шампион освои бод против фаворизираниот Бразил (1-1) и уште еднаш покажа дека е незгоден противник за секого. Од друга страна, Шкотска со минимална победа над Хаити ги освои првите три бода и направи важен чекор кон следната фаза.

Мароканците се потпираат на квалитетот на играчи како Ашраф Хакими, Брахим Диаз и Исмаел Саибари, а нивното најсилно оружје остануваат брзите контранапади и дисциплинираната игра во одбраната.

Шкотска, предводена од Стив Кларк, ќе се обиде преку цврста и организирана игра да го неутрализира противникот. Главни адути на европската селекција се Скот Мектоминај, Џон Мекгин и Енди Робертсон.

Според прогнозите, Мароко е благ фаворит за победа, но се очекува неизвесен натпревар со мал број голови, во кој секоја грешка може да биде пресудна.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.