Германскиот гигант Баерн Минхен е на чекор до ангажман на мароканскиот репрезентативец Исмаел Саибари, пренесува добро упатениот Фабрицио Романо. Баварците се подготвени да му исплатат на ПСВ сума од 55 милиони евра за услугите на 25-годишниот играч за врска.
Саибари доаѓа по фантастична сезона во Холандија, каде на 37 натпревари постигна 19 гола и запиша 9 асистенции. Неговата форма е во нагорен тренд и на репрезентативен план, откако на 14 јуни, го постигна клучниот гол за Мароко во ремито против Бразил на стартот на Мундијалот.
За комплетирање на трансферот преостануваат уште медицинските прегледи, по што Саибари и официјално ќе стане дел од тимот на Минхен.

