Удока сака повторно да соработува со својот омилен дефанзивен „војник“ од деновите во Бостон. Хјустон Рокетс сериозно притискаат за потписот на Маркус Смарт, кој по одличната плејоф епизода во Лос Анџелес Лејкерс, летово речиси сигурно ќе ја одбие сиромашната играчка опција од 5 милиони долари за да излезе на пазарот во потрага по далеку побогат договор. Рокетс во него гледаат спасител за надворешната линија, која претрпе тежок удар по тешката повреда на Фред Ванвлит.
Додека „езерџиите“ се со врзани раце бидејќи мора да ги решаваат скапите статуси на Леброн Џејмс и Руи Хачимура, Хјустон има многу почиста финансиска ситуација. Тексашаните веќе се повлекле од трката за суперѕвездата Џејлен Браун бидејќи Бостон барал претерани четири пикови од првата рунда, па сега сите сили се насочени кон Смарт. Проценката на клубот е дека покрај мегаѕвездата Кевин Дурант и одличниот Алперен Шенгун, со Смарт во тимот ќе го имаат совршеното парче за напад на самиот врв на Западната конференција.

