Меѓународен фудбал Фудбал

Марко Силва го менува Мурињо на клупата на Бенфика

Португалскиот гигант Бенфика експресно пронајде замена за Жозе Мурињо. Марко Силва постигна комплетен договор да го преземе кормилото на клубот од Лисабон. Четириесет и осумгодишниот стратег неодамна ја заврши својата петгодишна авантура на клупата на англискиот Фулам.

Раководството на Бенфика потврди дека соработката со Силва е договорена до крајот на сезоната 2027/28. Во договорот е вклучена и опција за негово продолжување за уште една дополнителна година. За португалскиот менаџер ова е големо враќање во татковината по успешните епизоди во неколку премиерлигашки екипи.

Истовремено, клубот од Лисабон официјално го потврди и заминувањето на Жозе Мурињо. Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе ѝ исплати на Бенфика обештетување од 15 милиони евра за неговите услуги. Со овој трансфер се става крај на вториот престој на Мурињо на стадионот „Луж“.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.