Македонски фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Марко Ѓорѓиевски верува во излез од кризата: Време е Македонија да се врати на посакуваното ниво!

Македонската А репрезентација ги одработува завршните подготовки пред последните два предизвика од групната фаза во Лигата на нациите. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги очекува незгодно гостување против Шкотска во Глазгов во петок, додека три дена подоцна на домашен терен ја пречекуваат Словенија. Пред заминувањето за Островот, своите очекувања ги сподели напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, кој се надева на дебитантски настап и личен придонес во враќањето на националниот тим во позитивна серија.

Офанзивецот верува дека тимот го поседува потребниот квалитет за да излезе од резултатскиот пат:

„Се надевам дека доколку добијам шанса на натпреварите, ќе имам свој придонес и дека ќе почнеме да се движиме во нагорна линија, онака како што заслужува оваа репрезентација. Во секоја репрезентација и во секој клуб доаѓа до одреден период на криза, но мислам дека е време да излеземе од неа и се надевам дека сè ќе биде како што треба. Поискусните фудбалери во репрезентацијата веќе се во натпреварувачка форма и мислам дека тоа ќе се покаже против Шкотска и Словенија. Верувам дека селекторот ќе најде начин како да се поставиме и да одиграме одличен натпревар, да ѝ се спротивставиме на Шкотска и да оствариме позитивен резултат.“

Ѓорѓиевски истакна дека искуството и моменталната форма на носителите на играта ќе бидат значаен фактор на теренот, каде што македонскиот состав ќе бара реакција и резултатски пресврт уште на тешкиот испит во Глазгов.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.