Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Марко Ѓорѓиевски испадна од лигата со Херманштад!

ФК Херманштад доживеа тежок удар откако и официјално испадна од елитната Суперлига на Романија по неуспешната борба за опстанок во изминатата сезона, каде во бараж-дуелот беа поразени од Волунтари во двомечот. На првиот натпревар, одигран на домашен терен, Херманштад беа подобри со резултат 3-2, но на реваншот на гостински терен беа поразени со високи 3-0 (вкупен резултат 5-3). Дел од ова разочарување на романскиот клуб беше и македонскиот интернационалец Марко Ѓорѓиевски кој заедно со своите соиграчи до последен момент се обидуваше да го спаси тимот од преселба во понизок ранг.

Сепак, лошите резултати во клучните натпревари ја запечатија судбината на клубот, што сега носи големи промени во играчкиот кадар за следната натпреварувачка година. Останува да се види каква ќе биде иднината на нашиот млад напаѓач и дали тој ќе побара нова средина за да ја продолжи својата кариера во поквалитетно првенство…

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.