Македонски ракомет Ракомет

Марко Богдановски ќе го чува голот на РК Бутел!

Ракометниот клуб Бутел Скопје го засили голманскиот кадар со ангажманот на Марко Богдановски, кој потпиша договор на две години. Тој во следниот период ќе го сочинува голманскиот состав заедно со искусниот Градимир Чаневски и младиот Атанасиј Трсунов. 24-годишниот чувар на мрежата пристигнува од редовите на Вардар, каде што помина две и пол сезони и освои двојна круна.

Пред трансферот во таборот на „црвено-црните“, Богдановски настапуваше за Аеродром, а својата кариера ја градеше и во Металург, Јуниор Кисела Вода и Голден Арт. Со доаѓањето во Бутел Скопје, Богдановски повторно ќе соработува со тренерот Стојанче Стоилов, со кого веќе има заедничко искуство од претходниот период.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.