Кошарка Меѓународна кошарка

Марио Хезоња потпиша за Кливленд, Аткинсон предупредува дека Хрватот ќе биде изненадување!

Хрватскиот интернационалец Марио Хезоња по пет години доминација на европските терени се враќа во најсилната кошаркарска лига во светот. 31-годишниот дубровчанец стави потпис на едногодишен договор со Кливленд Кавалирс, а тренерот Кени Аткинсон очекува огромни работи од неговото враќање на паркетот во НБА.

Стратегот на Кливленд не го криеше воодушевувањето за новото засилување, најавувајќи дека лигата ќе види поинаков Хезоња од оној во 2021 година.

„Слушнав многу за неговите настапи изминатите пет години во Европа. Мислам дека ќе изненади многу луѓе и исклучително сум возбуден што го имаме во тимот.“

Аткинсон посебно ја истакна зрелоста и европското искуство на Хрватот како главен адут, напоменувајќи дека Кливленд избрал поразличен пат при формирањето на ростерот.

„Секогаш барате играч кој може да донесе дополнителна искра. Ми се допаѓа што тргнавме по различен пат и доведовме кошаркар со вакво искуство и авторитет. Верувам дека го добивме во вистинскиот момент од неговата кариера, понекогаш не се работи само за сувиот талент, туку да го погодите моментот кога играчот е во вистинската фаза.“

Шефот на стручниот штаб на „Кавс“ посебно го подвлече физичкиот напредок на Хезоња, кој израсна во вистинска физичка машина.

„Има 116 килограми, целосно го трансформираше своето тело. Сè уште ги поседува брзината и вештината, но сега е драстично посилен. Тоа совршено се вклопува во денешната НБА со сите преземања во одбраната, тој ќе знае сурово да ги казнува тие ситуации.“

Пред заминувањето во Европа во 2021 година, Хезоња зад себе имаше 335 НБА-натпревари во дресовите на Орландо Меџик, Њујорк Никс и Портланд Траил Блејзерс. Новата сезона за Кливленд и Хезоња започнува на 22 октомври, со гостување кај Филаделфија Севентисиксерс.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.