Меѓународен фудбал Фудбал

Мареска пред градското дерби: Знаеме колку е посебен овој меч

Атмосферата пред 199-тото градско дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се загрева, откако двата тима ја започнаа новата сезона со различни резултати во Премиер лигата и победнички стартови во Лигата на шампионите. Сити влегува во неделната пресметка на „Олд Трафорд“ со перфектен ефект од четири победи на четири меча, а менаџерот Енцо Мареска јасно стави до знаење дека неговата екипа нема да отстапи од својот препознатлив стил.

„Дербито е важно од повеќе причини. Знаеме колку е битно, посебно овде. Тоа е посебен натпревар. Најважно е да се обидеме да бидеме свои, а потоа ќе видиме каков ќе биде конечниот резултат“, истакна Мареска пред новинарите.

Предводникот на „граѓаните“ одби да прифати дека неговиот тим е во предност затоа што имаше два дена повеќе за одмор во споредба со ривалот кој вчеравечер играше во Европа.

„Тоа ми се случи мене минатата сезона кога игравме против Наполи, а два дена подоцна против Арсенал. Понекогаш тоа се случува. Не се сомневам дека Јунајтед ќе биде подготвен. Секогаш станува збор за прилагодување — нам ни се случи минатата сезона, ним оваа, а следната ќе му се случи на некој друг“, порача тој.

Италијанскиот стручњак се осврна и на изјавата на новото засилување Елиот Андерсон, кој го нарече Сити „крал на градот“.

„Причината поради која Елиот го кажа тоа е затоа што израсна во време кога Манчестер Сити беше неверојатен. Нормално е така да размислува. Ако се вратиме подалеку во минатото, сликата е поинаква, но според мене, тоа е причината зошто го рече тоа“, заклучи Мареска.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.