Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Манчини искрен: Не го гледам Мундијалот, премногу боли што нè нема таму!

Светското првенство трет пат по ред минува без четирикратниот планетарен шампион Италија, нешто што до пред некоја година беше незамисливо за фудбалскиот свет. По болните елиминации од Шведска за Русија и од Македонија за Катар, „аѕурите“ овојпат беа сопрени од Босна и Херцеговина. Колку тешко им паѓа овој нов дебакл на италијанските фудбалери најдобро отсликува последната изјава на дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини.

Искусниот 30-годишен стопер призна дека воопшто нема сила да ги прати натпреварите кои моментно се играат во Северна Америка. Тој откри дека болката е едноставно преголема за да изгледа еден цел натпревар, па затоа ги погледнува само постигнатите голови. Манчини е свесен дека кризата во нивниот фудбал е длабока и порача дека кога по ред ќе пропуштиш три Мундијал, тогаш проблемот не е само во младинските категории или кај тренерите, туку е потребен сериозен системски ремонт за Италија да се врати таму каде што припаѓа.

Покрај репрезентативната тага, столбот на одбраната на „волчицата“ проговори и за својата иднина во Рим, со оглед на тоа што актуелниот договор му истекува за една година. Манчини потенцираше дека е комплетно смирен и дека преговорите со раководството на Рома се веќе во тек. За него најважно е што клубот по долга и мачна пауза конечно избори пласман во Лигата на шампионите, цел на која тој беше максимално фокусиран во изминатиов период на теренот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.