Меѓународен фудбал Фудбал

Манчестер Сити му плаќа 20 милиони евра на Челси за Мареска

Јавна тајна е дека Енцо Мареска веќе е договорен да го преземе кормилото на Манчестер Сити, а целата операција набрзо ќе добие и официјална потврда. Како што пренесува добро информираниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, раководството на „граѓаните“ ќе мора да му исплати обесштетување од дури 20.000.000 евра на Челси. Имено, при заминувањето од Лондон, италијанскиот стратег не го раскина официјално договорот со „сините“, па тимот од „Стемфорд Бриџ“ максимално ја искористи ситуацијата за да заработи сериозна сума за својот доскорешен менаџер.

Оваа милионска отштета практично е последниот чекор во целиот процес. Мареска пристигнува во Манчестер, каде што ќе стави потпис на тригодишен договор кој ќе го обврзе на верност кон клубот до летото 2029 година. „Етихад“ воопшто нема да биде нова и непозната адреса за Италијанецот, со оглед на тоа што тој веќе работеше таму како прв помошник на Пеп Гвардиола, пред да изгради самостојно портфолио водејќи ги Парма, Лестер и Челси. Челниците на Сити очигледно уште одамна го имаа пикирано Мареска како идеален профил за долгорочен наследник.

Пред новиот предводник на Сити е поставен сериозен предизвик, особено ако се земе предвид дека тимот веќе две години по ред не успева да дојде до титулата во Премиер лигата, минатата година првак беше Ливерпул, додека оваа сезона трофејот заврши кај Арсенал. Иако тоа не е катастрофа, фудбалскиот свет едноставно не е навикнат на ситуација во која Манчестер Сити не доминира на островот. Главната мисија на Мареска ќе биде експресно враќање на супериорноста во домашното првенство.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.