Меѓународен фудбал Фудбал

Манчестер Јунајтед убедлив против дебитантот Сабах (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед сигурно и убедливо ја започна новата сезона во Лигата на шампионите, откако на „Олд Трафорд“ го совлада азербејџанскиот дебитант Сабах со 4:0. Иако гостите излегоа отворено и со желба за надигрување, избраниците на Мајкл Керик брзо ја презедоа контролата врз играта и го решија прашањето околу победникот уште во првото полувреме.

Отпорот на гостинската одбрана попушти во 27. минута кога Патрик Доргу одлично центрираше, а Матеус Куња од непосредна близина ја смести топката во мрежата. Во самиот финиш од првиот дел, „црвените ѓаволи“ за само три минути стигнаа до недостижна предност. Најпрво Бруно Фернандеш во 42. минута зголеми на 2:0, а во 45. минута и Бенјамин Шешко се запиша во стрелците за убедливи 3:0 на паузата.

Во второто полувреме темпото на игра значително опадна, со оглед на тоа што домаќините штедеа енергија за претстојното градско дерби против Манчестер Сити коешто се игра викендов. Конечните 4:0 ги постави Лисандро Мартинез во 68. минута, кој најдобро се снајде во петерецот по една одбиена топка за рутинска потврда на триумфот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.