Меѓународен фудбал Фудбал

Манчестер Јунајтед со спектакуларен пресврт ја победи Рома на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед приреди голем пресврт и ја совлада Рома со 3:2 на „Олд Трафорд“, иако италијанскиот тим имаше предност од два гола. Гостите одлично го започнаа натпреварот и преку Матијас Суле во 11. и Дониел Мален од пенал во 17. минута поведоа со 0:2. Сепак, „црвените ѓаволи“ заиграа многу подобро во второто полувреме, а Бруно Фернандес во 58. минута, од повторен пенал, ја намали негативата.

Во завршницата на натпреварот на сцена стапи Матеуш Куња, кој со два гола во 83. и 86. минута донесе целосен пресврт и голема радост на домашните навивачи. Бразилецот, сепак, не ја заврши вечерта на најдобар начин, бидејќи во 90+1. минута заработи втор жолт картон и беше исклучен. Со овој триумф Манчестер Јунајтед стави крај на серијата од девет натпревари без победа во сите натпреварувања и стигна до шест бода во Лигата на шампионите, додека Рома остана на четири.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.