Според информациите од Шпанија, Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени. Новиот менаџер Мајкл Керик го гледа 26-годишниот фудбалер како идеално решение за средниот ред, а клубот е подготвен да испрати понуда вредна 75 милиони фунти, со дополнителни пет милиони преку бонуси.
Во наредните денови се очекува претставници на англискиот клуб да отпатуваат во Мадрид, каде што треба да ги започнат првите официјални разговори со Реал околу можниот трансфер. Иако Чуамени има договор со „кралевите“ до летото 2028 година, шпанскиот гигант наводно би размислил за продажба доколку добие финансиски доволно атрактивна понуда.
Во меѓувреме, Јунајтед работи и на ангажманот на бразилскиот репрезентативец Едерсон од Аталанта. Играчот веќе ги поминал медицинските прегледи, а неговиот трансфер, вреден околу 35 милиони фунти, се очекува наскоро да биде официјализиран. Со обезбедениот пласман во Лигата на шампионите за сезоната 2026/27, Манчестер Јунајтед има амбициозни планови и сака да изгради тим способен да се бори за највисоките цели на сите фронтови.

