Освен што ја започна новата сезона со пораз од Хал Сити, Манчестер Јунајтед направи пропуст и во однос на опремата уште во првото коло од Премиер лигата. Фудбалерите на клубот од „Олд Трафорд“ истрчаа на теренот во дресови на кои на едниот ракав го немаше официјалниот амблем на Премиер лигата, што е задолжителна обврска за сите учесници во натпреварувањето.
До оваа ситуација дојде откако му истече спонзорскиот договор на клубот со компанијата „DXC Technology“, со што остана празно местото за реклама на ракавот. Според регулативите на лигата, секој клуб кој нема активен спонзор за тој дел од дресот е должен на двата ракави да го носи официјалното лого на Премиер лигата.
Сепак, Манчестер Јунајтед ќе помине само со официјално предупредување и нема да соочи со финансиска казна, бидејќи на спорниот ракав ја истакна ознаката на кампањата против расизам „No room for racism“. Клубот ќе мора целосно да ја прилагоди опремата за следниот натпревар, за разлика од Челзи, Сандерленд и Кристал Палас, кои уште на стартот ги испочитуваа правилата и на двата ракави го поставија логото на лигата.

