Меѓународен фудбал Фудбал

Манчестер Јунајтед го доведе Карлос Балеба од Брајтон

По незгодниот пораз од Хал Сити на стартот од новата сезона, Манчестер Јунајтед брзо реагираше на трансфер-пазарот и ги финализираше преговорите со Брајтон за ангажман на Карлос Балеба. Клубот од „Олд Трафорд“ за услугите на 22-годишниот репрезентативец на Камерун ќе плати 65 милиони фунти веднаш, плус дополнителни пет милиони преку бонуси (вкупно околу 82 милиони евра), со цел да ги реши проблемите во дефанзивната структура и организацијата на играта кај Мајкл Керик.

Балеба е виден како долгорочна замена за Касемиро, но со значително поголема брзина и продорност. Станува збор за исклучително моќен левоног фудбалер кој се снаоѓа на позициите „шестка“ и „осумка“. Покрај врвните дефанзивни показатели во одземање топки, негова најголема врлина е способноста сам да го пробие противничкиот пресинг и да ја понесе екипата 30 метри напред. По почетоците во Лил и трансферот во Брајтон во 2023 година, Балеба брзо израсна во еден од најценетите млади играчи во Премиер лигата, иако во минатата сезона неговиот развој дојде до одредена стагнација, па така младиот фудбалер, често натпреварите ги започнуваше од клупата.

Навивачите на „црвените ѓаволи“ сепак ќе мора малку да почекаат за неговото официјално деби, со оглед на тоа што Камерунецот сè уште се опоравува од повреда на лигаментите на скочниот зглоб и неговото враќање на терените се очекува околу средината на септември.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.