Меѓународен фудбал Фудбал

Манчестер Јунајтед експресно ја пронајде замената за Каземиро!

Каземиро дефинитивно се збогува со Манчестер Јунајтед и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во американскиот Интер Мајами. Раководството на англискиот гигант реагираше експресно и брзо ги договори личните услови со неговата замена Едерсон Да Силва. Клубот од „Олд Трафорд“ е на чекор до конечен договор со Аталанта за обештетување од 45 милиони евра.

Овој поранешен фудбалер на Коринтијанс има сличен профил како Каземиро и игра одлично во двата правци на теренот. Едерсон пристигна во Бергамо во 2022 година за 22,9 милиони евра и веднаш стана клучен играч кај Гасперини. Тој одигра 180 мечеви за Аталанта, притоа забележувајќи одличен ефект од 16 голови и 6 асистенции.

Бразилецот долго време се наоѓаше и на поширокиот список на селекторот Карло Анчелоти за Светското првенство. Сепак, искусниот италијански стратег на крајот се одлучи за поискусни играчи во средниот ред за претстојниот Мундијал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.