Други спортови Тенис

Манарино распали по УС Опен: Сè помалку личи на тениски турнир!

Адријан Манарино не беше воопшто задоволен од атмосферата на УС Опен. Францускиот ветеран по убедливиот пораз од Александар Бублик отворено зборуваше за условите на теренот и однесувањето на публиката.

„Сега на луѓето им е дозволено да се движат по трибините и за време на поените. Претходно не беше дозволено да се влегува на трибините, освен за време на промената на страните. Сега влегуваат кога сакаат, се движат и разговараат“, изјави Манарино.

Французинот смета дека самиот турнир дозволува вакво однесување и се прашува дали тоа е вистинскиот пат за тенисот.

„Турнирот го толерира таквото однесување и не знам дали тоа е најдобрата идеја за тенисот воопшто. На теренот се чувствува мирис на марихуана, бучавата доаѓа од сите страни… Сè помалку почнува да личи на тениски турнир, а повеќе на зоолошка градина“, порача искусниот тенисер.

Манарино на крајот сепак го намали тонот, но остана јасен во својата критика.

„Ова се навистина многу специфични услови за игра“, заклучи 38-годишниот Французин, кој против Бублик успеа да освои само пет гема.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.