Меѓународен фудбал Фудбал

Малдини продолжува во Серија А, Калјари го претстави како ново засилување!

Даниел Малдини и официјално ja напушта Аталанта и кариерата ќе ја продолжи во Калјари, каде што пристигнува на позајмица со можност за откуп на договорот. Калјари за позајмицата ќе плати еден милион евра, додека во договорот е вклучена опција за откуп вредна 8+1 милиони евра. Доколку италијанскиот клуб ја активира клаузулата, Малдини би потпишал петгодишен договор со тимот од Сардинија.

За 24-годишниот офанзивец ова ќе биде седмиот клуб во Серија А. Покрај Милан и Аталанта, тој настапуваше и за Специја, Емполи, Монца и Лацио. Малдини во Аталанта пристигна во почетокот на 2025 година за 13 милиони евра, а за тимот од Бергамо запиша три гола на 22 натпревари. Исто така, има и шест настапи за репрезентацијата на Италија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.