Нема мир во италијанскиот репрезентативен фудбал. Проблемите со изборот на нов селектор може да доведат до брзи оставки на новоименуваните функционери во сојузот. Според „Скај Спорт“, техничкиот директор Паоло Малдини и неговиот советник Леонардо одлучиле да се повлечат. Тие беа поставени на овие позиции пред само две недели.
Нивните примарни желби за наследник на Џенаро Гатузо беа Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти и Андреа Пирло. Сепак, сите три опции пропаднаа од финансиски, договорни или политички причини. Дополнително, претседателот Џовани Малаго не ги делел нивните ставови околу изборот. Доколку се потврдат оставките, тоа ќе донесе нова длабока криза во италијанскиот фудбал.

