Од клуб кој пред неколку години се бореше за опстанок во пониските рангови, Малага повторно е дел од шпанската фудбалска елита откако во бараж натпревар беа подобри од Алмерија. Андалузискиот тим го комплетираше своето долго патување назад кон врвот и од следната сезона ќе настапува во Ла Лига.
Овој успех има посебна тежина ако се земе предвид низ што помина клубот во изминатата деценија. По европските вечери и настапите против најголемите клубови на континентот, следуваа финансиски проблеми, спортски пад и години исполнети со неизвесност.
Сепак, Малага успеа да изгради нова приказна. Со трпение, стабилизација и поддршка од своите навивачи, клубот повторно се избори за место меѓу најдобрите. За градот и навивачите ова не е само промоција, туку потврда дека и по најтешките удари може да се стигне назад на големата сцена.

