Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Макелеле со критика кон Мбапе!

Поранешниот француски репрезентативец Клод Макелеле упати сериозни критики кон Килијан Мбапе, обвинувајќи го за себичност на теренот. Иако Франција славеше со 3:1 против Сенегал на стартот на Мундијалот, а напаѓачот постигна два гола, Макелеле не беше импресиониран од неговиот пристап.

Во својата анализа за „DAZN“, тој нагласи дека Мбапе сака секоја топка да оди исклучиво кај него, наместо да соработува со соиграчите. Според легендарниот фудбалер за врска, најголемиот проблем на ѕвездата на Реал Мадрид е што игра за сопствена слава, а не за колективот.

Со овие два погодоци, Мбапе стигна до бројката од 14 голови на светските шампионати, надминувајќи го рекордот на славниот Жист Фонтен. Следниот предизвик за „триколорите“ е пресметката против Ирак на 23 јуни.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.