Други спортови Одбојка

Македонските одбојкари со максимални 3:0 го совладаа Израел и се простија од ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство со дигната глава, совладувајќи ја селекцијата на Израел со максимални 3:0 во сетови (25:21, 25:23, 25:22) во рамките на последното, петто коло од групната фаза. Иако шансите за премин во нокаут-фазата беа изгубени по претходните порази, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски покажаа карактер и се простија од шампионатот во арената „8888“ во Софија со убедлив триумф.

Нашите одбојкари од самото отворање на мечот тргнаа одлучно и го презедоа диригирањето на резултатот. Во првиот сет, македонскиот состав одлично ја контролираше предноста и со брзи одговори го казнеше секој обид на Израелците да се вратат во игра, добивајќи го овој дел со 25:21, што воедно беше и прв освоен сет за нашата репрезентација на ова првенство.

Слична слика се преслика и во вториот период, каде по драматичната завршница и водството од 24:21 беше реализирана третата сет-топка (25:23). Во третиот сет македонските репрезентативци ги диктираа работите на теренот без поголеми осцилации и рутински го затворија мечот со 25:22 за конечни 3:0.

Со овој резултат Македонија го стави крајот на настапот во Софија со победнички вкус. Од нашата група Б, пласман во осминафиналето на континенталниот собир обезбедија репрезентациите на Полска, Украина, Бугарија и Португалија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.