Македонската женска кадетска репрезентација со крената глава и сребрен медал околу вратот го заврши настапот на Светското училишно првенство во Скопје. Во големото финале, нашите ракометарки беа совладани од селекцијата на Хрватска со 26-28, запишувајќи го единствениот пораз на шампионатот по импресивната низа од пет победи.
Натпреварот започна како од соништата за „црвено-жолтите“, кои со фуриозна игра во петтата минута водеа со убедливи 5-1. Сепак, Хрватска брзо се консолидираше и веќе во 18-тата минута направи пресврт за водство од 6-8. Иако нашите девојки успеаја да се вратат и да израмнат на 11-11, неколкуте пропуштени зицери и нереализиран седмерец му овозможија на противникот да замине на пауза со предност од 12-15.
Во вториот дел Хрватска го диктираше темпото и во еден момент водеше со највисоки „плус пет“ (14-19). Македонските надежи покажаа карактер и на пет минути пред крајот внесоа неизвесност, приближувајќи се на само гол негатива (24-25). Сепак, искуството на противникот и неколкуте технички грешки во клучните моменти беа пресудни Хрватска да ја завери победата со резултат 24-28 во финишот.
И покрај поразот, ова сребро е огромен успех за македонскиот женски ракомет и доказ за квалитетот на оваа генерација. Програмата во Скопје продолжува во машка конкуренција, каде Македонија од 16:00 часот ќе го нападне златото во пресметката против Израел.

