Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Македонскиот талент Дитмир Хоџа потпиша за Лидс: Огромна чест е да ја претставувам Македонија!

Еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Дитмир Хоџа, и официјално го комплетираше својот трансфер во редовите на англискиот гигант Лидс Јунајтед, ставајќи потпис на четиригодишен договор.

Младиот фудбалер првично ќе настапува за тимот на Лидс за играчи до 21 година, но со напорна работа ќе се бори за шанса да се наметне и кај менаџерот Даниел Фарке во првиот тим.

Во разговор за официјалниот портал на клубот, Хоџа ги истакна своите амбиции и посебно го спомена влијанието на Езѓан Алиоски, кој остави незаборавен траг во англискиот клуб.

„Многу сум горд што станав играч на Лидс, ова е огромен клуб со неверојатни навивачи. Секогаш давам 100 проценти за тимот и сакам да помогнам во остварувањето на амбициите. Многу ми се допаѓа Алиоски, тој е страствен и вреден играч. Исто така, играњето за мојата земја ме прави неизмерно горд, претставувањето на Македонија е огромна чест за мене“, изјави Хоџа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.