Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Македонскиот стратег се сели во ОАЕ, го очекува 34. тренерски ангажман

Искусниот македонски тренер Ѓоко Хаџиевски не чекаше долго по разделбата со бугарскиот Спартак Варна за да пронајде нов ангажман. Само неколку дена по заминувањето од клубот, тој отпатува во Обединетите Арапски Емирати, каде ќе ја продолжи својата богата тренерска кариера. Новата дестинација на Хаџиевски е амбициозниот нисколигаш Ал Мединах, клуб кој верува дека токму македонскиот стратег со своето искуство и авторитет ќе помогне во реализацијата на долгорочните цели.

За поранешниот селектор на Македонија ова не е непозната средина. Во текот на кариерата веќе работеше во повеќе клубови од арапскиот свет, меѓу кои Наџран, Ал Тавон, Ал Кадсија, Хата, Ал Џафра, Емирејтс и Хаџер, а новиот ангажман претставува вкупно 34-ти во неговата тренерска кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.