Македонски ракомет Ракомет

Македонската лига наскоро ќе биде меѓу петте најдобри во Европа

Стратегот на Охрид, Борис Ројевиќ, во интервју за српскиот „Журнал“ зборуваше за страшниот подем на македонскиот ракомет, истакнувајќи дека домашното првенство ја има убедливо најсилната конкуренција во регионот.

Српскиот стручњак ги посочи сите клубови кои го дигаат квалитетот на Суперлигата и најави уште поголем раст во следниот период.

„Лигата е без сомнение најдобра и најсилна на Балканот. Го имаме Вардар, кој игра одлично во Лигата на шампионите и беше рамноправен со Мелцунген и Нант. Тука е и Пелистер, кој со години настапува во елитното европско натпреварување и има неверојатна публика. Потоа Алкалоид, а сега и Охрид се вклучува во трката. Не смееме да ги заборавиме ниту Прилеп, Тиквеш, Бутел и Струга. Слободно можам да кажам дека македонската лига наскоро ќе биде меѓу петте најдобри во Европа.“

Што се однесува до битката за трофеите, Ројевиќ го даде главниот фаворит, но ги откри и високите амбиции на Охрид, клуб кој лани го оствари најголемиот успех во историјата со освојувањето на Европскиот Куп на ЕХФ.

„Вардар повторно е фаворит за титулата, иако Пелистер оваа сезона игра одлично и располага со квалитетен состав. Најголемата борба ќе се води за третото место, кое носи пласман во Лигата на Европа. Според нашите планови, Охрид веќе од наредната сезона треба да се вклучи во борбата за првите две позиции. Доколку ни се укаже шанса и оваа сезона, ќе се обидеме максимално да ја искористиме.“

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.