Репрезентација на Македонија Фудбал

Македонксите репрезентативци се собраа пред дебито во Б-дивизијата на Лигата на нации (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација официјално ги започна подготовките за дебитантскиот настап во елитната Б-дивизија од Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ денеска го одржаа првиот собир во Скопје, каде што ја отвораат новата репрезентативна мисија пред исклучително интензивен и предизвикувачки распоред.

Првиот голем испит за нашиот национален тим пристигнува веќе на 26 септември со домашен дуел против Швајцарија во Скопје. Само три дена подоцна (29 септември) следува гостувањето во Љубљана против Словенија, по што избраниците на Седлоски ќе ги вкрстат копјата со Шкотска на домашен терен на 3 октомври, пред октомврискиот прозорец да го заокружат со реваншот против Швајцарија во Луцерн на 6 октомври.

Селекторот Гоце Седлоски се одлучи за проширен список од 28 фудбалери, на кој забележливо се истакнуваат четири дебитантски имиња, Анес Мељичи (Шкендија), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда) и Христијан Малески (Струга ТЛ). Поради повреда од комбинација отпадна дефанзивецот на Левски, Никола Серафимов, а во тимот го нема ниту офанзивецот Милан Ристовски, додека значаен повратник во националниот дрес е Бојан Илиевски, кој моментално ги брани боите на албанска Тирана.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.