Македонски фудбал Меѓународен фудбал Репрезентација на Македонија Фудбал

Македонија замина за Луцерн по први бодови и погодок… (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација утрово отпатува за Луцерн, каде што утревечер ќе го одигра последниот натпревар од првиот репрезентативен циклус за оваа сезона во Б-дивизијата од Лигата на нации. Во составот кој замина за Швајцарија се наоѓа и Езџан Алиоски, кој му е на располагање на стручниот штаб за овој голем предизвик.

Пред избраниците на селекторот Гоце Седлоски стои исклучително комплицирана задача против лидерот во групата. Швајцарците ја оправдаа фаворитската улога не само на дуелот во Скопје пред десетина дена, туку и на пресметките со Шкотска и Словенија, покажувајќи континуитет што ги става во подредена положба сите ривали во групата.

За Македонија, која по воведните три кола се соочува со исто толку порази, оваа средба претставува мотив повеќе за реакција, поправен испит и обид да се стигне до првиот бод и гол во овој циклус. За вечерва е закажан официјалниот тренинг на стадионот во Луцерн, како и прес-конференцијата на која Седлоски ќе ги изнесе своите очекувања, додека самиот натпревар се игра во вторник со почеток од 20:45 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.