Македонски фудбал Фудбал

Македонија задржа четири претставници во Европа идната сезона

Иако македонските клубови и оваа сезона останаа без пласман во групната фаза од натпреварувањата на УЕФА, најновото рангирање донесе позитивни вести за домашниот фудбал. Македонија забележа скок од едно место на листата и сега се наоѓа на 42. позиција во конкуренција на 55 земји-членки.

Благодарение на остварениот национален коефициент од 1,833 за оваа сезона, Македонија цврсто се држи меѓу 50-те најдобри европски земји, што значи дека и во следната натпреварувачка кампања ќе ги зачува четирите места на меѓународната сцена.

Шампионот на Македонија одново ќе го започне европскиот пат низ квалификациите за Лигата на шампионите, додека преостанатите три клуба ќе настапат во Конференциската лига. Од нив, два тима ќе изборат пласман преку конечната табела во Првата лига, а еден билет е резервиран за победникот во Купот на Македонија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.