Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва, тренираше на стадионот на Фенербахче, популарниот „Шукру Сарачоглу“ во пресрет на утрешниот натпревар против домашната селекција на Турција.
Домаќините се во финална припрема пред настапот на престојното Светско првенство, додека нашите репрезентативци се разположени за уште еден добар натпревар во една пеколна атмосфера, а на стадионот ќе бидат присутни повеќе од 50.000 гледачи.







