Европски првенства Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет Репрезентација на Македонија

Македонија, Србија и Словенија поднесоа кандидатура за ЕП 2034!

Македонија би можела повторно да биде дел од голем ракометен проект, овојпат како коорганизатор на Европското првенство. Македонската ракометна федерација заедно со своите колеги од Србија и Словенија поднесе заедничка кандидатура за домаќинство на континенталниот шампионат во 2034 година. Трите федерации во следниот период ќе работат на подготовката на кандидатурата, со цел заедничкиот проект да биде претставен пред Европската ракометна федерација како сериозна и целосно разработена понуда.

Покрај оваа кандидатура, интерес за организацијата на ЕП 2034 изразија и Австрија, Хрватска, Данска, Луксембург, Холандија, Шведска и Турција. За Македонија евентуалното добивање на организацијата би претставувало можност повторно да биде домаќин на натпревари од големо европско натпреварување и дополнително да ја потврди својата позиција како земја со голема ракометна традиција.

Конечната одлука за домаќинот на Европското првенство во 2034 година ќе ја донесе ЕХФ на редовниот конгрес во 2027 година. До тогаш, Македонија, Србија и Словенија ќе треба да го претстават својот заеднички проект и условите за организација на шампионатот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.