Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Македонија со пораз го отвори Европското првенство, следен предизвик е Франција

Македонската кадетска ракометна репрезентација со пораз ги започна настапите на Европското првенство во Белград, откако беше совладана од селекцијата на Словенија со 33-30.  Нашите надежи прикажаа одлична игра во првите 30 минути, беа цврсти во одбраната и ефикасни во нападот, па на паузата заминаа со високи 18-12. Сепак, во продолжението Словенците значително го подигнаа нивото на игра, постепено ја намалија негативата и во последната четвртина од мечот целосно го презедоа водството.

Македонија успеа неколкупати да се врати резултатски и да израмни, но во самиот финиш ривалот беше посмирен и поконкретен, што му овозможи да стигне до победата. Во македонскиот состав најефикасни беа Христијан Вујичевски и Трајче Костов со по шест погодоци, додека кај Словенија се истакна Јака Подвршич со осум гола. Македонската репрезентација веќе утре ја очекува нов тежок предизвик, кога од 12:00 часот ќе се соочи со селекцијата на Франција во второто коло од шампионатот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.