Репрезентација на Македонија Фудбал

Македонија со мирољубиво реми ја испрати Босна на Мундијалот!

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено 0:0 на пријателскиот дуел против Босна и Херцеговина на преполниот стадион во Сараево. Домашниот состав ја имаше иницијативата и создаде подобри шанси, но нашата одбрана успеа да го издржи целиот притисок.

Ова е трет последователен натпревар на кој македонските фудбалери не успеваат да ја затресат противничката мрежа на теренот. Во отсуство на Енис Барди се почувствува сериозен дефицит на креативност, па напаѓачите повторно немаа доволно употребливи топки.

Најдобрата прилика за Македонија ја пропушти Бојан Миовски, чиј удар во првото полувреме беше исфрлен од самата гол-линија. Босанците возвратија жестоко во финишот на првиот дел, кога ја погодија пречката и стативата од нашиот гол.

Во второто полувреме темпото на игра значително опадна, па двата тима потешко доаѓаа до посериозни можности за погодок. Селекторот Гоце Седлоски го искористи овој контролен меч за да им даде шанса на дури четири нови дебитанти. Покрај Јанкулов кој започна во првиот тим, во продолжението дебитираа уште и Аломеровиќ, Анѓелески и младиот Омерагиќ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.